Болт не се откажува од фудбалот

Некогашниот најдобар светски атлетичар, Јусеин Болт, кој лани ја заврши фантастичната кариера, не се откажува од спортот, поконкретно, по секоја цена сака да заигра професионален фудбал.

Јамајчанецот се обиде во „Манчестер јунајтед“, клубот за кој што навива, потоа беше на проби во „Борусија“ од Дортмунд, но тренерот Питер Стегер изјави дека атлетичарот едноставно не е создаден за фудбал.
Меѓутоа, тоа не го деморализираше Болт, кој продолжи да трага по клубот во кој би можел да започне кариера. Изборот падна на северот на Европа, односно на Норвешка, а Болт се скраси во „Стромсгодсет“

Атлетичарот ќе има можност да заигра за овој клуб на пријателски натпревар против младинската репрезентација на Норвешка, а ќе биде и капитен на тимот на ѕвезда на хуманитарен натпревар против познати фудбалери, кој ќе се одигра на „Олд Трафорд“ на 10 јуни.

Можеби клубот ќе ги види моите можности и можеби ќе одлучи да ми даде шанса, изјави Болт.

Челниците на „Стромсгодсет“ се возбудени од доаѓањето на Јусеин Болта во Норвешка.

Тој е одличен фудбалер,инаку не би тренирал со нас. На играчите им рековме дека доаѓа нов играч и дека е многу брз. Кога се отвори вратата, многумина се изненадија. Тоа беше шок за нив, не можешеа да веруваат. Неговата присутност ќе биде голема инспирација за играчите, тренерите и клубот во целина – изјави директорот на овој клуб, Јостејн Фло.