Спринтерот од Јамајка, Усеин Болт постави светскиот рекорд на 100 и 200 метри пред пет години на Светското првенство во Берлин , но истакна дека се уште може да го собори своето најголемо достигнување во кариерата . Во Германија, Болт истрча 100 мери за 9.58 секунди, додека на 200 мети имаше резултат 19.19 секунди. Усеин заради повреда пропушти дел од сезоната, но на тренинзите ќе им се врати наредната недела.
„Повредата не е сериозна. Од искуство знам дека повредите се составен дел од спортот. Почнувам да тренирам и се надевам дека наскоро ќе го соборам светскиот рекорд. Возможно е да го соборам севетскиот рекорд и покрај тоа што многумина не веруваат дека можам да истрчам под 9.58 секунди”, изјави Болт.