Болтон: Турција не смее да ги напаѓа сириските Курди по повлекувњето на САД

Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон, во неделата додаде нов услов за американското повлекувње од Сирија, порачувајќи дека Турција мора да се согласи да ги штити американските сојузници, односно сириските Курди.

Неочекуваната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече околу 2.500 американски војници од Сирија, остави многу отворени прашања, особено околу курдските борци на северот од земјата кои би можеле сега да стана отворена цел на долги години непријателски кон нива расположената Турција. Анкара силите на сириските Курди, Единици за заштита на народот (YPG) ги смета за крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК).

Џон Болтон, кој престојува во четиридневна поста на Израел и Турција, истакнал дека во разгвоорите со турските челници, меѓу кои и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ќе порача дека Курдите мора да бидат заштитени.

„Сметаме дека Турција не смее да презема воени операции кои не се целосно договорени и прифатени од страна на САД, за да не ги загрозат нашите сили, но и за да се задоволат барањата на претседателот да не бидат загрозени силите на сириската опозиција кои се бореа крај нас“, изјавил Болтон во пресрет на средбата со изралеските функционери.

Болтон во по неделник ќе отпатува за Турција, и додал дека Вашингтон ќе разговара со Анкара околи нејзините цели и способности. Истакнал дека ставот на Трамп е дека Турција не може да ги убива Курдите и оти американското повлекување од Сирија нема да се случи без договор за ова прашање.

Претходно седмицава беше објавено дека лидерите на сириските Курди сакаат да склучат политички договори со сириската влада на претседателот Башар ал-Асад со посредство на Русија, независно од најавеното американско повлекување од регионот. Курдите сакаа да се осигураат од Турција, којашто им се закануваат со инвазија. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно во декември навести дека наскоро ќе започне прекугранична операција против YPG.

Кон крајот на минатата година сириската армија влезе во градот Манбиџ, во близина на турската граница, во рамките на операцијата за враќање на контролата над териториите кои ги држеа милитантите поддржувани од САД. Градот беше под контрола на курдските Единици за заштита на народот (YPG).

Турција, чиишто сили влегоа во областа во намерата да ја исчистат турско-сириската граница од контролата на курските сили ги поддржа бунтовнциите од Слободната сириска армија (FSA) и подготвуваше офанзива за заземање на Манбиџ, поради што беше можен судир со американските војници.