Бомба во Капиштец, полицијата е на терен. Како што пишува порталот „Курир“ полицијата утринава добила пријава дека е поставена експлозивна направа на автомобил во скопската населба Капиштец.
Од МВР за Курир велат дека пријавено било дека на тркало од автомобил „Сеат Ибица“ сопственост на З.К., лоциран на улицата „Васил Ѓоргов“, била поставена експлозивна направа.
На лице место веднаш се излезени полициски екипи и припадници на антитерористичката единица кои вршат увид. Повеќе детали се најавени за подоцна.
фото: Курир