Додека членовите на СДСМ, НСДП и ЛДП ги исполнуваат своите партиски задачи во кампот пред владата, нивните партиски функционери, зад затворени врати, „пакуваат“ крупни далавери. За Зоран Заев, Тито Петковски и Андреј Жерновски нема политичка криза тогаш кога треба да реализираат матни бизнис зделки.
Нашите извори од општина Центар, откриваат дека партиските извршители ревносно работат на планот за усвојување на неколку скандалозни ДУП-ови во кои се кријат опозициските бизнис шеми, пишува Прес24.
Еден од плановите кои треба набргу да се донесат е измена на ДУП-от Градска четврт 3 10 – локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2, каде што веке е испланирано на местото на пазарчето „Буњаковец“ да се изгради бензинска пумпа и затворен пазар кој треба да послужи како алиби. Со затворениот пазар општинските планери во фазата на јавна расправа ке се обидат да го амортизираат гневот на пазарџиите и граѓаните. Заев и Жерновски се свесни дека пазар и бензиска пумпа неможе да бидат едно до друго, еколошки и здравствено е целосно неприфатливо, но сепак цврсто се речени да ги спроведат овие измени, и да заработат огромни пари.
Веќе би направен „дил“ со кој по изгласувањето на измените на дупот од страна на Советот на Општина Центар, бензинската пумпа да му припадне на Штипскиот бизнисмен Мите Николов, познат како „Мите брилијант“, бизнисмен кој што отсекогаш важел за исклучително близок на СДСМ.
Свесни дека донесувањето на овие измени ке доведат до жестоки реакции на јавноста и на граѓаните на Центар, Андреј Жерновски и СДСМ иако предлог нацрт планот бил ставен како точка на дневен ред на седницата во понеделникот на 8-ми Јуни, на советниците не им бил поделен материјалот и измените во планот, а конкретната точка била тргната од дневен ред.
Седницата е одложена и истовремено најавена е нова седница за почетокот на Јули, се со цел дека со навлегувањето во летото и одморите ќе падне и интересот на јавноста за ваквите скандалозни одлуки. Седницата во Јули на која се планира да се направи уште еден обид за да се пушти во процедура скандалозниот ДУП, очигледно се закажува вонредно и по нечиј притисок.
На ова претходела и голема нервоза во редовите ан советничката група предводена од СДСМ. Повеќето советници биле свесни дека нивниот глас ќе биде злоупотребен за остварување на нечии бизнис зделки од кои ќе се офајдат високите партиски функционери, а целиот гнев на граѓаните кои со децении се навикнати да пазарат на Буњаковец, ќе се истури врз нив како непосредни извршители. Токму од овие причини на претходната седница не присуствувала една советничка на СДСМ.
Според истите извори, обидот да се започне со урбанистичките измени е одложен помеѓу другото и поради ризикот, советничката од НСДП Марија Бошковска да не гласа за измени во ДУП-от, бидејќи нејзиниот шеф Тито Петковски според нашите извори, по веќе испробаната шема , си ја зголемувал цената, и сеуште не дал зелено светло за гласање.
Наводно, неговото барање, кое било испорачано кај Зоран Заев и Андреј Жерновски било, во замена за гласот на неговата советничка, да добие гаранција дека следниот бизнис за поставување бекатон плочки на територијата на цела општина Центар ќе го добие фирмата „Изградба Комерц“ која и претходно се јави како изведувач на контроверзната „Боемска Улица“ а нејзиниот сопственик е близок пријател на пратеничката на НСДП Соња Мираковска . Наводно се работело за бизнис тежок 250.000 евра.
Во секој случај, на повидок е голем скандал во Центар, со кој ќе се потврди дека СДСМ и опозицијата јавно се борат за демократија а тајно мешетарат со бизниси и матни зделки. Граѓаните се повеќе стануваат свесни дека зад барањата на опозицијата не се крие ништо друго туку гол интерес преку власт во било каква форма да ја дочекаат својата шанса да ги зголемат своите приватни сметки и богатсво додека наводната битка за демократија е само маска.