Бомбаш-самоубиец уби најмалку 22 лица во напад врз демонстранти на автопат меѓу источниот авганистански град Џалалабад и границата со Пакистан, објавија официјални лица.
Уште 23 лица беа повредени во овој напад, изјави Атула Когани, портпаролка на гувернерот на провинцијата Нангарар.
Целта на нападот беа демонстранти против командантот на локалната полиција. На собирот присуствуваа неколку стотици луѓе за време на експлозијата.
Провинцијата Нангарар, по должината на границата со Пакистан, е една од најнестабилните региони во Авганистан оваа година. Серија самоубиствени бомбашки напади и вооружени напади се случија во главниот град Џалалабад.
Досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата на автопатот. Оваа провинција е еден од најголемите упоришта на борците “Исламска држава” од почетокот на 2015 година.