Најмалку седум лица загинале а уште десетина се ранети во саботата во експлозија во ресторна во градот Бени, во провинцијата на Северен Киву, на североистокот од ДР Конго, пренесува во саботата Associated Press повикувајќи се на градоначалникот Нарцис Мутеба Кашале
Како што појаснил Мутеба Кашале, луѓето вечерта се собрале во ресторанот за да го прослават Божик според Грегоријанскиот календар. Додал дека во моментов сѐ уште не се познати целосните штети и крајниот број настрадани, како и дека засега ниедна групација не ја преземала одговорноста за експлозијата.
По инцидентот властите ги повикале локалните жители да заминат во своите домови, објави на Twitter дописникот на францускиот неделник Jeune Afrique, кој соработува и со агенцијата Reuters.
„Потврдено е дека има смртно настрадани. Распоредени се припадниците на безбедносните служби и преземени се првите мерки“, напипа на Twitter портпаролот на конгоанската влада Патик Мујаја без да го наведе бројот на загинатите.
Наведува дека експлозијата во ресторанот во Бени ја предизвикал бомбаш самоубиц, а и Мујаја истакнува дека засега никој не ја преземал одговорноста,
„Во центарот на градот штотуку експлодира бомба. Ги повикувам жителите да останат во своите домови поради безбедност“, изјави градоначалните Мутеба Кашале на локалното радио.
Дописникот на Reuters, кој се наошал во близина на местото на експлозијата, рекол дека ја слушнал детонацијата околу 19 часот по локално време, веднаш по католичката миса, во близна на главанта градска авенија, како и дека експлозијата била проследена со престрелка.
На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледаат десетици расфрлани залени столици на улица, а некои се растопени. Меѓу нив се забележуваат три тела, но засега нема потврда за автентичноста на овие снимки.
Градот Бени во јуни беше погоден од две експлозии во католичка црква на фреквентна раскрсница. Тогаш немаше смртно настрадани освен осомничениот бомбаш самоубиец кој загинал во втората експлозија.
Во провинцијата Северен Киву од 6-ти мај годинава на сила е опсадна состојба, која беше воведена со указ на претседателот на ДР Конго, Фелкс Чискеди, поради влошената безбедносна состојба во областа. По наредба на шефот на државата, цивилната администрација во Северен Киву е заменета со воена, а сличен режим воведен е и во сосдедната привинција Итури.
ДР Конго, како и соседната Уганда, започнаа кон крајот на ноември воена кампања во областа против Сојузничките демократски сили (ADF), групација поврзана со ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Оваа групација и претходно беше обвинувана за слични бомбашки напади.