Бомбашки напад на стадион во Нигерија – над 40 мртви

Повеќе од 40 лица биле убиени во експлозија на фудбалски стадион во градот Муби во Нигерија, јавуваат светските новински агенции, повикувајќи се на информација на локалната полиција, пренесува Нетпрес.

Бомбата детонаирала за време на фудбалски натпревар.

Засега никој не понел одговорност за нападот, но главните сомневања се свртени кон исламистичката група „Боко Харам“.

Државата Адамава во Нигерија, каде се случил инцидентот, е една од трите во која повеќе од една година во сила е вонредна безбедносна состојба.

Инаку, групата „Боко Харам“ дејствува во северна Нигерија, каде претежно живее муслиманско население, се декларира дека е против западното образование и влијание во земјата, како и за воведување на исламскко законодавство.