Бомбашки напад во Северна Ирска, нема жртви

Маскиран маж фрлил бомба на влезот  на еден хотел во Лондондериј, соопшти полицијатa на Северна Ирска, додавајќи дека во нападот нема жртви.

Очевидците велат дека непознатиот маж фрлил експлозивна направа во лобито на хотелот Еверглејдс и потоа побегнал.Бомбата експлодирала додека тимот на стручњаци на британската војска се обиделе да ја деактивираат со помош на робот.

Ниту една организација не је презела одговорноста за нападот, но полицијата верува дека зад него стојат припадниците на Ирската републиканска армија (ИРА).

Најголем дел од припадницата на ИРА во 2005 година се отакажале од насилство и се разоружиле поддржувајќи го договорот од 1998 година.