Болничарот од Итната помош, Павел Печенкин, кој на 29-ти декември се разнесе на железничка станица во Волгоград, убивајќи 18 лица, а 36 беа повредени, во март оставил видео порака на родителите, пренесува босански „Дневни аваз“.
„Тешко ми е да ги видам вашите солзи, но го одбрав патот на Алах. Одбрав Алах да биде задоволен со мене и да го заслужам рајот. Вие не можете да ме оттргенете од тој пат“, порачал тој.
Додал дека не сакал да ја гледа нивната порака за да не „скршне од патот“.
„Не сакав да ја гледам бидејќи мислев дека ќе омекнете“, рекол и уште еднаш повторил дека нема намера да се врати дома.
Тој вели дека него Алах никој не му го наметнал, туку тоа е само негова волја.
Оваа видео порака, беше одговор на повикот на неговите родители кои го замолија да се врати дома. Имено, неговиот татко Николај во порака го замолил да го „фрли оружјето пред да стане терорист“.