Бомбашка закана во болница во Дaнкерк

Француската полиција соопшти дека спровела „безбедносна операција“ во градот Дaнкерк, при што е уапсена една жена, која се заканила со активирање бомба во локалната болница.

Во полицското соопштение се наведува дека жената упаднала во ургентниот центар на болницата и почнала да се заканува дека ќе активира бомба.

Полициски извор соопшти дека засега не може да каже дали бомбашката закана е „поврзана со тероризам или со психички проблеми“, додавајќи дека состојбата сега е „под контрола“.

Полицијата времено го болокирала реонот околу болницата, а од дел од објектот биле евакуирани сите вработени и пациенти.