Најмалку две лица загинаа, а седуммина други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад на главната шопинг улица во центарот на Истанбул.
Како што јави МИА, повикувајќи се на ДПА, нападот се случил на булеварот Истикал во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим.
Засега нема повеќе детали за нападот.
Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара минатиот векенд, при кој загинаа 37 лица.