Дваесет и осум луѓе загинаа при експлозија на две возила-бомби и самоубиствен напад извршени во главно шиитски квартови на Багдад, соопштија медицински и безбедносни извори.
Паркиран автомобил експлодира во близинана пазар во квартот Шааб, при што се убиени 10 лица. Малку подоцна бомбаш-самоубиец извршил напад на истото место, додека се собирале полиција и минувачи, во кој загинале девет луѓе.
Во квартот Бунук експлодирала автомобил-бомба при што загинале девет лица.
Безбедносните сили започнале да ги претресуваат околните реони по добиена информација за поставени уште две евентуални бомби.