„Наместо извинување, СДСМ злонамерно и тенденциозно продолжуваат со неосновани обвинувања за криење на имот од Антикорупциската комисија и јавноста, нечесно работење, несразмерно богатење, со единствена цел да се наштети на мојот углед, угледот на моето семејство и угледот на партијата. СДСМ со дефокусирање на јавноста се обидуваат да го исперат од себе срамот за богатењето на кланот Заеви на сметка на граѓаните на Струмица и пошироко,“ вели Силвана Бонева во пишаната рекација на денешната прес-конференција на Шилегов.
Бидејќи Шилегов не се извинил јавно за искажаните клевети и продолжува со манипулирање јавноста, се вели во рекацијата, во текот на наредните денови Бонева правдата ќе ја бара на суд.