Петре Шилегов и СДСМ се обидуваат врз основа на неосновани и тенденциозни обвинувања да ја оцрнат мојата личност и угледот на моето семсјство, вели пратеничката и координаторка на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева во писмената реакција на обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на Шилегов.
„Сите одговори по однос на нивните манипулации, веќе ги дадов во изминатите реакции. За целокупниот имот на моето семејство надлежните институции може да проверат и да потврдат дека е стакнат по законски пат. Впрочем и сите граѓани, особено во Струмица, знаат дека јас и мојот сопруг потекнуваме од чесни и трудољубиви семејства кои со години макотрпно работеле и стекнувале имот кој потоа го наследиле моите деца. Оттука, прес конференциите на СДСМ се само неоснована дисквалификација кон мене и моето семејство и тенденциозен обид на тој начин да ги покрие скандалите на нивниот претседател Зоран Заев со тендерските постапки во Општина Струмица“ вели Бонева.