Боно од „Ју-ту“ ја насочува популарноста за обезбедување помош и опрема за ирските болници

Откако Ирскиот поп-рок бен „Ју-ту“ донираше 10 милиони долари за борба против Корона вирусот во својата земја, за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема, сега предводникот на групата, Боно Вокс ја искористи својата популарност и низ целиот свет побара помош и опрема за ирските болници.

Боно му испратил писмо на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, во кое го моли за заштитна облека и тестови за Ковид-19.Нивното познанство трае уште од минатата година, кога „Ју-Ту“ имаја концерт во Јужна Кореја.Според „Гардијан“, Боно остварил комуникација и со директорот на Applе, Тим Кук, како и со основачот на интернет- страницата „Алибаба-Џек Ма“, со истата молба.

 

 

„Ју-ту“ со  години се дел од многу национални, но и светски општественополитички проекти.
Во   Ирска досега околу 10.000 луѓе се заразени со коронавирус, а над 300 починале.

foto:https://www.facebook.com/Bono-vox-1448489582098340/