Утре на Олимписките Игри во Париз ќе настапи и уште еден македонски претставник.
Владимир Егоров ќе ја претставува Македонија во категоријата до 57 килограми, а сега го дозна и својот противник.
Противник на Егоров во првото коло ќе биде Аман Шереват од Индија. Програмата на турнирот во борење утре започнува околу 11 часот, а Егоров би требало да настапи околу 12 часот.