Борбениот НАТО брод, француската повеќенаменска фрегата “Оверњ Д654”, утрово запловила во украинското пристаниште Одеса, јавува локалниот весник “Думскаја”.
Во извештајот се наведува дека бродот во Одеса запловил во 9:30 часот по локално време, а дека прв во него влегол командантот на украинската Воена морнарица, контра-адмиралот Олексиј Нежпапа, пренесува “Telegraph”.
Тоа е 10-тиот брод на НАТО кој оваа година влегол во Одеса, а “Думскаја” наведува дека во тој град ќе остане до 28-ми декември. “Оверњ” е најмодерниот брод во француската Воена морнарица, а во употреба е од февруари 2018-та година, пренесува РИА новости.
Се очекува реакција од Русија, која го предупредила Западот дека собирање на НАТО трупи на границите блиску до неа може да предизвика сериозен конфликт кој не е во ничиј интерес.
Од друга страна, Украина ја обвинува Русија дека донела вооружување и десетина илјади војници на границата со Украина, и дека е сериозна закана по таа држава. Сметаат дека рускиот изговор дека станува збор за воени вежби – е лажен.