Борбени авиони на НАТО пресретнале руски воени авиони

Германски и британски борбени авиони пресретнале три руски извидувачки авиони во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, соопштија во средата германските вооружени сили.

Трите руски авиона, од кои два борбени „Су-27“ и „Илјушин III-2“ не ги емитувале своите сигнали од транспондерите, според германската војска. Биле пресретнати од борбените авиони од типот „Eurofighters“ на двете земји членки на НАТО.

Сличен случај е забележан и на 14-ти април, се додава во извештајот.

Балтичките земји членки на НАТО – Естонија, Литванија и Латвија немаат свои борбени авиони, па од 2004 година воздушниот простор над Балтичкото Море во североисточна Европа го обезбедуваат авионите на западните членки на Алијансата.

Сојузниците редовно распоредуваат борбени авиони и персонал во балтичките земји кои граничат со Русија. На почетокот од април, по осум месеци, германската армија ја предаде командата на мисијата на НАТО за надзор на балтичкиот воздушен простор на Велика Британија. Меѓутоа, германските воздухопловни сили ќе продолжат да даваат поддршка до крајот на април.