Руските сили започнале во саботата координирани ракетни и артилериски напади врз украински градови, вклучително и врз главниот град Киев, каде се слушале истрели во близина на владините згради во центарот на градот, пренесуваат агенциите.
Украинските власти ги повикаа граѓаните да помогнат во одбрана на Киев од напредувањето на руските сили, кои започнаа во четвртокот воена операција чијашто цел е да се принуди украинското водство да се откаже од намерите за приклучување кон НАТО.
Но и додека борбите стануваа сѐ поинтензивни, руската и украинската влада сигнализираа отвореност за преговори, нудејќи ги првите зраци на надеж за дипломатијата, по почетокот на непријателствата.
Во Киев експлодирале артилериски граните, изјавил очевидец за агенцијата Reuters. Укринаски функционери изјавуле дека руските сили истрелале крстосувачки ракето од Црното Море врз градовите Суми, Полтава и Мариопол, како и дека се воделе тешки борби во близина на градот Мариопол, населен претежно со руско и рускојазично населние но со добро утврдена украинска војска на југот од земјата.
„Судбината на Украина се одлучува токму сега“, изјави во петокот украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Командата на воздушните сили извести претходно за тешки борби во близина на воздухопловната база во Ваислково, југозападно од Киев, за којашто рече дека била нападната од руските падобранци.
Советникот во кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подолјак, изјави дека ситауцијата во Киев и во неговите предградија е под контрола.
„Постојат случаи на руски диверзантски иизвидувачки групи коишто оперираат во градот, полицијата и силите на самоодбраната ефикасно им е спротиставуваат“, изјави Подолјак.
Министерството за одбрана во петоткот на жителите на Киев им порача да направат запаливи „Молотови коктели“ за да ги одбијат нападите.
Украинската војска тврди дека близу Киев соборила руиски воен транспортер од типот „Илјкушин“ кој наводно превезувал руски падобранци. Командантот на украинскиот генералштаб Валериј Залужни на Twitter објаи дека голем повеќенаменски транспортер е соборен покрај Василково. Но BBC и другите западни агенции не можат да ја потврдат оваа информација.
Руското министерство за одбрана во саботата утрото објави снимки од градот Старобелск, и наведе дека „украинските националисти“ отвориле оган врз станбени населби со повеќецевните системи „Град“ и оти има жртви меѓу цивилното население во Донецката област. Како што пренесува агенцијата РИА, министерството додало дека слични провокации и во градовите Краматорск и Славјанск, како и дека руската војска не изведува ракетирања врз населени места и ги презема сите мерки за заштита на цивилното население.
Руското минисерство за одбрана објави во петокот вечерта дека руските единици без отпор влегле во украинскиот град Мелитопол, по предавањето на тамошните сили, пренесе агенцијата ТАСС. Бритнаскиот јавен сервис BBC не можел да ја потврди инфромацијата од независни извори, но потсетува дека претходно украинскиот претседател Зеленски изјави претходно дека во градо се водат жестоки борби. Мелитопол е град со 150.000 жители на украинскиот југоисток, недалеки од Крим и Азовското Море, со случен етнички составн на населението.
Унгарија во петокот вечерта понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто тоа му го понудил на рускиот колега Сергеј Лавров и на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Ермак.
„Предложив преговори во Будимпешта, сигурно место за двете деелгации. Ми заблагодарија и рекоа дека ќе ја разгледаат понудата“, објави Сијарто на Twitter.
Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, има блиски односи со Русија, но го осуди воениот упад на украинска територија. Будимпешта, инаку, има и заострени односи со Киев поради односот кон нејзиното малцијство во Украина, што во крајна линија и беше поводот за отцепувањето на проруските источни региони и црноморскиот полуостров Крим во 2014 година.
Русија во петокот предложи преговорите да се водат во Минск, каде во 2014-та и 2015-та се водеа мировните преговори со учество и на Франција и Германија, а како предуслов бара украинската војска да го положи оружјето. Зеленски претходно во петокот утрото објави дека е подготвен да преговара со Путин, вклучително и за руското барање за воена неутралност на Украина. Но до петокот ноќта немаше одговор од Киев.
САД наметнаа во петокот санкции за рускиот претседател Владимир Путин, и за министрите за надворешни работи и за одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу, како и за началникот на генералштабот Валериј Герасимов. Лични санкци за Путин и Лавров веќе објавија ЕУ, Велика Британија и Канада.
„Единствени сме со нашите меѓународни партнери и сојузници во тоа Русија да плати економска и дипломатска цена за инвазијата врз Украина“, објави во писмена изјава американската министрка за финансии Џенет Јелен.
Американското министерство за финансии наметна санкции и за Рускиот фонд за директни вложувања (РФПИ), државна агенција за привлекување странски и домашен капитал во руските развојни сектори.
Американскиот претседател Џо Бајден му наложи на Стејт департментот во петокот да ослободи 350 милиони долари воена помош за Украина за одбрана од руската војска. Во меморандумот до државниот секретар Ентони Блинкен, Бајден наложува споменатата сума доделени со Законот за странска помош да се одредат за одбраната на Украина.
Русија ноќта кон саботата со вето го запре усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбеднсот при Обединетите нации со која се изразуваше „жалење“ пшоради нејзината воена операција во Украина.
Но Кина беше воздржана, што Западот го толкува како знак за меѓународна изолација, иако Пекинг во јавни изјави ѝ дава поддршка на Москва. „Да се биде воздржан, значи да се осуди“, толкуваше за AFP западен дипломат кој барал да остане анонимен.
Воздржани беа и Обединетите Арапски Емирати и Индија, а другите 11 постојани и непостојани членки на Советот за безбедност гласаа „за“.
За да се обезбеди две од овите три земји да не бидат против, нацрт текстот беше ублажен па наместо „осуда“ се искажува „жалење за рускиот напад“. Во текстот Русија се повикува веднап да ги повлече своите сили од Украина и се поддржува нејзиниот територијале интергитет и суверенитет.
Украинскиот амбасадор при ОН, Сергеј Кислицја изјави пред гласањето дека тоа претставува „момент на вистината“. „Ќе дознаеме кој е на вистинската страна“, рече позирајќи им на фотографите со украинско знаме и опкружен со амбасадори на земјите на ЕУ.
За нацрт-резолуцијата, којашто заеднички ја предложија САД и Албанија, сега ќе гласа Генералното собрание на ОН каде што нема вето. Резолуциите на Генералното собрание на ОН, сепак, имаат само политичка тежина, но не се правно обврзувачки. Идентична ситуација се случи и во 2014 година, кога црноморскиот полуостров Крим со приклучи на Руската Федерација, и тогаш Кина бепе воздражана во Советот за безбедност, а резолуцијата доби мнозинство на Генералното собрание.