Борби во Картум додека посредниците бараат крај на суданскиот конфликт

Борбите во јужниот дел од суданската престолнина Картум продолжија во неделата, додека претставниците на спротиставените страни се на преговорите во Саудиска Арабија, за коишто меѓународните посредници се надеваат дека ќе стават крај на судирите коишто беснеат веќе три седмици и во кој загинаа стотици луѓе.

Американско-суданската иницијатива е прв посериозен обид да прекинат судирите меѓу војската и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) кој делови од Картум направија воени зони и го запреа процесот на транзиција кон цивилна власт по годините безредија и преврати. Повеќе стотици луѓе се убиени, илјадниците се ранети во судирите кои избувнаа кон средината на април, а повеќе до 100.000 лица се натерани во бегство во други делови од земјата или преку границата.

Манахил Салах, 28-годишна специјалистка за лабораториска медицина на евакуацискиот лет од Порт Судан до Обединетите Арапски Емирати, рекла за Reuters рекла дека нејзиното семејство три дена се криело во својот дом близу седиштето на војската во Картум пред да заминат кон пристанишниот град на брегот на Црвеното Море.

„Да, среќна сум што преживеав. Но чувствувам длабока тага, бидејќи го оставив мајка ми и татко ми во Судан, и тажна сум што сета оваа болка се одвивала во мојата татковина“, рекла Салах.

Илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Порт Судан со чамци и да заминат кон Саудиска Арабија, плаќаат скапи комерцијални летови од единствениот аеродром во земјата кој е отворен или да ги користа евакуациските летови.

„Имавме среќа да отпатуваме во Абу Даби, но она што се случува во Картум, каде што го минав сиот свој живот, е болно. Да се напушти својот живот и своите спомени е нешто неописливо“, рекол 75-годишниот Абдулкадер, кој исто така успеал да се качи на евакуацискиот лет кон ОАЕ.

Додека медијаторите настојуваат да изнајдат мировно решение, двете страни јасно рекоа дека единствено ќе разговараат за хуманитарно примирје, а не и за запирање на судирите.

Лидерот на RSF, генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат и како Хемеди, изјави дека се надева дека преговорите ќе ја обезбедат својата цел и ќе воспостават безбедно минување на цивилите.

Хемеди вети дека ќе го зароби или убие главниот командант на војската, генералот Абдел Фатах ал-Бурхам, негов поранешен сојузник, а ниту на теренот нема докази дека ниедна од завојуваните страни се подготвени на компромис за да се запре корвопролевањето.

Судирот започна на 15-ти април, по пропаѓањето на планот поради борбата за политичка превласт во транзицијата кон демократија, која имаше поддршка од меѓународната заедница. Но, според некои аналитичари, се чини и дека потресите на глобалната геополитичка сцена, исто така, имаат удел во почетокот на судирите, особено по контактите за можно воспоставување руска база во Судан.

Генералот ал-Бурхан, воен офицер со кариера, е на чело на владејачкиот Совет воспоставен откако во 2019 година беше соборен долгогодишниот автократ Омар ал-Башир и по воениот пуч од 2021 година, а негов заменик е сега спротиставениот генералот Хемеди кој ги води паравоените единици кои требаше да бидат вклучени во суданската војска, се издигна по судирите во областа Дарфур.

Хемеди пред судирот се приближуваше на идејата за цивилна коалиција, што зборуваше дека има политички планови, а ал-Бурхан за избувнувањето на судирите го обвини неговите „амбиции“.

САД и нивните сојузници ја поддржуваа транзицијата кон цивилната влада во земјата којашто се наоѓа на стратешката крстосници меѓу Египет, Саудиска Арабија, Етиопија и нестабилната африканска област Сахел. Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан, викендов отпатува во Саудиска Арабија на разговори со саудиските водачи.