Цената на израелската офанзива, насочена против терористите од Хамас, која вo појасот Газа трае веќе 50 дена, чини 2,5 милијарди американски долари, објави АФП повикувајќи се на изјава на израелскиот министер за одбраната Моше Ајлон, пренесува Нетпрес
Во воената операција на израелските одбрамбени сили биле нападнати 6.000 легитимни цели, од кои 5.000 од воздухопловните сили, а 900 од копнените и поморските сили.
– И покрај обемноста на акцијата, палестинските терористи во Газа сеуште имаат оружје и муниција, кое никако неможе да се игнорира, посочил израелскиот министер.
Тој појаснил дека на почетокот на офанзивата, Хамас, Исламски џихад и други групи во Газа, располагале со околу 10.000 ракети, но дека сега тој арсенал е околу една петтина.
Ајлон посочил дека секоа пресретнување на палестинска ракета од системот за воздушна одбрана „Железна купола“, го чини Израел 100.000 долари.
Инаку досега во воената опарација во Газа загинале 2.143 Палестинци и 71 израелски државјани.