Во Приштина дилема дали да се укине специјалниот суд за воени злосторства чиј петгодишен мандат истекува токму месецов. Во ек на истрагата против Тачи, се погласни се барањата за негово укинување, но косовскиот престедател преку фејсбук побара Косовоското собрание да гласа да се продолжи мандатот на судот кој во исто време го оцени како нечесен и деградирачки за борците на ОВК со цел да се создаде, како што вели лажена рамнотежа меѓу жртвите и српските агресори.
– Политиката не смее да се меша во правосудството, нити тоа треба да се меша во политиката. Верував во тоа подржувајќи ја воспоставената пракса на меѓународните судови и посебни комисии во последните 20 години. Тоа и понатаму е мое уверување дури и сега кога од собранието на Косово барам мандат Специјалните институции и Канцеларијата на специјалното обвинителство да трае до престанување на мандатот за кое одлучува Советот на ЕУ во консултација со владата на Косово.
Но од Хашкиот трибунал велат дека целата ситуација е абсурдна, бидејки мандатот автоматски се обновува, а косовското Собрание нема никава улога во тоа.
– Со закон е предвидено и усвоено во косовското Собрание мандатот на Специјализираниот суд за Косово да трае се додека Советот на ЕУ не ја извести косовската Влада дека сите постапки и истраги се завршени. Така што формално не постои потреба за продолжување на мандатот, вели портпаролката Гриеп.
Во меѓувреме се повикуваат нови сведоци во истрагата против Тачи, меѓу најновите четворица е и Али Ахмети. Од обвинителството во Хаг потврдуваат дека тој следната недела ќе се појави во Приштина.
Само два дена потоа, на 4-ти септември во Белата куќа ќе се одржи и состанокот меѓу српскиот престедател Вучиќ и албанскиот премиер Хоти, тема ќе биде Косово, а на средбата е можно да се појави и претседателот Трамп.