Борците од „Азовстал“: Нашето предавање би било подарок за непријателот

Припадниците на злогласниот полк „Азов“, составен од припадници на крајнодесничарските украински движења чија симбол е стилизраната „свастика“, кои по повлекувањето од Мариупол се утврдени во подземните коридори на челичарницата „Азовстал“ покрај стратешки ваќниот пристанишен град, во неделата одржаа „онлајн прес-конференција“ .

Преку YouTube канал се обратија заменик-командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко.

Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“.

„Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов“, истакна поручникот Илија Самоленко.

„Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство“, додаде Самоленко.

Заменик командантот на „Азов“ кој во почетокот беше финансиран од олигархот Игор Коломојски а подоцна беше инкормориран во украинските вооружени сили и е државно финансиран но со голема командна слобода и најдобро вооружување, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.

„Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори“, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“.