Во премиерниот меч од 31-то коло на француското фудбалско првенство, Бордо пред своите навивачи со по еден погодок во секое полувреме беше подобар од Олипмпик Марсеј.
Стрелци за Бордо, беа Франсоа Камано во 27 минута од пенал и Николас де Превил во 71 минута. Мерсеј не успеа во завршните петнаесетина минути да ја искористи предноста од играч повеќе, откако во домашниот тим во 82 минута директен црвен картон му беше покажан на Пабло.
Со новите три бода Бордо стаса на 11-то место на табелата со 38 бодови, а Марсеј остана петти со 48 бодови. Недостижен на врвот е ПСЖ со 80 бодови, 20 повеќе и меч понмалку од вторпласираниот Лил, додека Лион е трет со 56 а четврт е Сен Етјен со 49 бодови.
Во сабота се играат натпреварите Лион – Дижон, Амјен – Сен Етјен, Ним – Каен, Анжер – Рен и Гинган – Монако. Во недела се среќаваат Ремс – Лил, Тулуз – Нант, Ница – Монпелје и ПСЖ – Стразбур.