Двајца од македонските борачи кои беа и наши адути во битката за медалите на Европското првенство во Загреб разочараа со порази уште во првите настапи во своите категории.
Еден од најголемите адути за медал, Могамедгаџи Нуров, загуби уште во осминафиналето во категоријата до 97 килограми во дуелот со полскиот борач Збињев Барановски. Нуров беше поразен со 5:2.
Брза елиминација доживеа и Фати Вејсели. Тој се појави на душекот во квалификациите во категоријата до 70 килограми каде налета на Полјакот Патрик Оленчин кој на крајот славеше на поени со 11:9.
Добар почеток имаше Ахмад Магомедов кој го доби дуелот во осминафиналето во категоријата до 79 килограми против Словакот Станислав Новац со убедливи 8:0, но во четвртфиналето налета на грчкиoт борач Георгиос Кујумцидис и по голема борба Гркот на крајот однесе победа од 5:3 на поени.
Ако Кујумцидис успее да слави во полуфиналето, тогаш Магомедов ќе добие шанса низ репасаж да се бори за бронзен медал.