Поранешниот боречки тренер Владимир Горбенко почина носејки го олимпискиот факел за Зимските олимписки игри 2014 година во Сочи. Горбенко (70) го презеде факелот во родниот град Курган во Западен Сибир , но му се лоши по 150 метри. Веднаш беше пренесен во болница каде и почина.
“Тој се врати на местото на собирање и се фотографираше, но потоа кажа дека не се чувствува добро. Го одведоа во болница, но за жал докторите не можеле да направат ништо“, изајви потпаролот на Зимнските олмписки игри Роман Осин.