![Zozep Borel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Zozep-Borel.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјави во четвртокот дека ситауцијата во Авганистан покажува дека Унијата мора да има заеднички одбранбени сили и дека може да послужи како катализатор за создавање европски сили способни брзо да реагираат.
„Понекогаш се случуваат работи кои служат како историски катализатор, кои доведуваат до пробив и јас мислам дека ситуаицијата во Авганистан е еден од тие случаи“, изјави Борелво БРдо крај Крањ пред почетокот на дводневниот неформален состанок на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ.
Борел се зазема за создавање сили за брза реакција од 5.000 војници кои би ги замениле борбените групи воспоствени во 2007 година, но кои никогаш не се користени.
„Состојбата во Авганистан покажува дека никогаш немало поголема потреба за посилна европска одбрана“, истакан шефот на диплонматијата на Унијата.