Борел: Безбедноста на БиХ стана уште поважна по руската агресија на Украина

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедноста политика Жозеп Борел потврди во средата дека ЕУ ќе продолжи да го одржува мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина истакнувајќи дека тоа станало важно по руската агресија на Украина.

Борел допатува во Сараево на крајот од неговата регионалан мини-турнеја, а во базата на воените сили на ЕУ покрај главниот град на БиХ учестуваше церемонијата со којашто ја означи довршувањето на процесот на јакнењето на воениот контингент на ЕУФОР.

„Некогаш е потребно да се покаже сила за да се обезбеди мирот“, изјави Борел во говорот кој во таа прилика го одржа.

Силите на ЕУФОР во БиХ се засилени со дополнителни 500 војници, па сега вкупно на теренот ги има 1.100 војници, со задача засилено да ја надзира состојбата на теренот и дведнаш да реагираат во случај на безбедносно загрозување.

Борел во текот на изјавите на новинареите рече дека воените засилувања се упатени како мерка на претпазливост, иако моментално не постои директна закана за безбедност и мирот во БиХ. Појасни дека ЕУ сака да обезбеди можност реагирање во случајот на избувнување на каква и да е кризан ситауција.

Решителноста и доследноста за зачувањето на мирот, како што истакна Борел, денес се понеопходни од кога и да е во атмосферата на руската воена операција во Украина, којашто според неговата оцена „претставува безбедносна закана без преседан со која војната е вратена на европска почва“.

„Во таквите околносите кога милиони бегалци талкаат на европскиот континент и додека украинските градови се разоруваат а цивилите се убиваат, сите мораат да бидат свесни за огромните последици и тоака ќе ја поттикне ЕУ на поголеми вложувања, но ина обезбедување енергетска независност и безбедност. Сето тоа што се случува во Укриана, може да има одраз и на ситуацијата на западен Балкан“, истакна Борел.

„Сакам да им испратам јасна порака на оние коишто мислата да се обидат да ги дестабилизираат Европа и западен Балкан: Оперцијата АЛТЕА е тука за да го спречи тоа“, рече Борел и додаде дека ЕУ секако ќе ја задржи оваа мисија колку и да биде потребно со јасен извршен мандат за зачувување на мирот.

Борел ги повика сите во БиХ „заедно да работата наместо да произведуваат нови судири и да ја блокираат работата на телата на власта, бидејќи тоа е предуслов за спроведување на реформните врз основа на која оваа земја може да го добие статусто кандадат за членство во ЕУ, вклучително и промената на изборниот закон“.

БиХ барањето за кандидатски статус за членство во ЕУ го поднесе 2016 година, а Европската комисија уште во мај 2019 година дефинираше 14 приоритетни реформи кои е потребно да бидат псорведени за да се одобри, но владејачките партии од тогаше не сторија речиси ништо за да се достигне таа цел.

 

Војната во Украина ќе ја погоди целата светска економија, оценува ММФ

Руско-украинската војна ќе влијае врз целата светска економија, закочувајќи ги активностите и поттикнувајќи инфлација, а долгорочно би можела од темелите да го промени глобалниот економски и геополитички поредок, предупредуваат од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).

„Војната предизвикува човечко патење и поттикнува бегалски бран без преседан, а истовремено ги поддигнува цените на храната и на енергијата, ја поткрепкува инфалцијата и ги нагризува вредностите на примањата, ја нарушува трговијата, синџирите за снабдување и дознаките на работниците на семејствата во земјите во соседството на Украина“, според оцените на ММФ.

Судирите, исто така, ја нарушуваат деловната доверба и носат неизвесност за вложувачите, па ќе ги намали цените на сопственоста, ќе ги заостри условите за финансирање, а може да поттикне и одлевање на капиталот од пазарите во формирање, предупредуваат од ММФ во извештајот објавен во вторникот.

„Судирот претставува голем удар за глобалната економија којшто ќе му наштети на растот и ќе ги подигне цените“, заклучуваат уште во ММФ:

Функционерите во ММФ претходно веќе најавија дека во април ќе ја намалат прогнозата за 4.4-процентиот раст на светската економија годинава, а во вторникот навестуваат дека веројатно ќе ги намалат прогнозите и за поедини региони.

Земјите со директни трговски врски со Русија и со Украина, со туризмот и финансиската изложеност, ќе чувствуваат сѐ поголем притисок, проценуваат стручњаците на ММФ, предупредувајќи на засилен ризик од немири во повеќе региони, од потсахарска Африка и Латинска Америка до Кавказ и централна Азија.

Во некои делови од Африка и Блискиот исток проблемот со снабдување со храна веријатно ќе се заостри, велат од ММФ, потсетувајќи дека земји како, на пример, над 80-милионскиот Египет 80 отсто пченицата ја увезуваат од Русија и од Украина.

ММФ прогнозира длабока рецесија во Украина и во Русија, а Европа би можела да се соочи со нарушување во увозот на природниот гас и во синџирите за снабдување. „Тие ефекти ќе ја потпалуваат инфалцијата и ќе го забават закрепнувањето од пандемијата на роноварусот“, се проценува.

Во источна Европа ќе пораснат трошоците за финансирање, а регионот ќе бележи и голем број бегалци, истакнуваат од ММФ, потсетувајќи дека источноевропските земји, според податоците на Обединетите нации, примиле повеќе од три милиона луѓе кои досега избегале од Украина.

Европските земји би можеле да се соочат и со засилени буџетски притисоци, подари најавената поголема потрошувачка во енергетската стабилност и во одбраната.

Земјите на Кавказот и во централна Азија, коишто со Русија ги поврзува трговијата и заедничкиот платен систем, ќе бидат потешко погодени од нејзината рецесија и новите санкци воведени од Западот по нејзината воена операција во Украина, преку ограниченото тргување, дознаките на работниците на семејствата во нивните татковини, вложувањата и туризмот.

На Блискиот исток и во Африка, влошувањето на надворешното финансирање би можело да поттикен одлив на капиталот и допполнително да го закочи растот на земјите со зголемено нови на долгот и големи проблеми од финансирање, велат од ММФ.

Поголемите цени на енергијата и храната, падот на туризмот и проблемите со пристапот до меѓународните пазари на капиталот би ги загрозиле, пак, земјите во потсахарска Африка, која 85 отсто од потребите од пченица ги задоволува од увоз, а третина од увозот доаѓа од Русија или од Украина.

Цените на храната и енергијата, пак, се главниот канал за прелевање на последиците на западната хемисфера, со високите цени сировинитие кои веројатно значително ќе ги подигне и онака високи стапки на инфлацијата во Латинска Америка, Карибите и во САД.

Во Азија најтешки последици ќе бележат увозниците на нафтата во системот на ASEAN, како и Индија и економите како некои пацифички островски држави, додека новите субвенции за горивата би можеле да го ублажат влијанието во Јапонија и во Јужна Кореја, соопштија од ММФ.

„На подолг рок, војната би можела од темели да го промени економскиот и геополитичкиот поредок, доколку трговијата со енергијата се промени, синџирите на снабдување се реконфигурираат, платните мрежи се расцепкаат, а земјите почнат да ја преипситуваат структурите на девизните резерви“, предупредуваат ММФ.