Доаѓањето на талибаните на власт во Авганистан претставува „најважниот геополитички настан од Кримската криза“ во 2014 година и „нова можност“ за Кина, Русија и Турција којашто ќе ја искористат за да го „прошират своето влијание“ во централна Азија,изјави во четвртокот високиот претставник за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел.
Во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, Борел ја истакна дека и потребата Унијата да „разговара со талибаните“ за спречување на хуманитарната криза, но на тој начин да не биде сфатено како формално дипломатско признавање на нивната власт.
Борел рече дека ситуацијата во Авганистан „ќе има далекусежни последици кога се работи за регионалната и меѓународна безбедност, бидејќи станува збор за најзначајниот геоплотички настан од припојувањето на Крим на Русија“ пред седум години.
Во тој контекст „мораме активно да се нагажираме на овој проблем заедно со регионалните и меѓународните партнери (…), а Централна Азија за нас ќе стане стратешки уште поважен регион“, продолжи шефот на дипломатијата на ЕУ.
„Свесни сме за тоа дека Турција, Кина и Русија сега ќе добијат нова можност да ги прошират своето влијание“ во центарлна Азија на штета на Западот, предупреди Борел и повика на јакнење на односите на дипломатијата на ЕУ „со Иран, Пакистан и Индија“.
Борел смета дека ЕУ сега „ќе мора блиско да соработува со САД“ и дека ќе мора да ги „зголеми дипломатските напори за постигнување консензус со сојузниците за да се оствари ефикасен заеднички пристап“ кон новиот талибански режим.
Во моментот кога Запад ги продолжува своите операции во Кабул за евакуација на своите државјани, авганистанскиот персонал и нивните семејства, „мораме да воспоставиме канал за комуникација со оние коишто ја држат власта“, истакна Борел. Можноста Брисел да преговарта со талибаните, за што Борел говореше во вторникот, предизвикува одредени емоции, призна во четвртокот шефот на дипломатијата на ЕУ.
Меѓутоа, истовремено „мореме да бидеме многу јасни во поглед на фактот дека отворањето на комуникацискиот канал со талибаните на ниеден начин не значи дека тие се меѓународно политички признати“, појасни Борел.
„Тоа воопшто не е признание, тоа е едноставно начин да се поддржи хуманитарната помош на Авганистан со јакнење на помошта и на соседните држави, за да може да се справуваат со негативните последици, интерните миграции, зголемениот ризик од тероризам или од трговија со дроги“, рече Борел кој со европарламентарците разговараше пред видеоконференцијата на којашто во петок ќе учествуваат министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, а ќе се дискутира за последиците од случувањата во Авганистан.