Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, го отфрли предлогот на Белата куќа Русија да биде повикана на овогодинешниот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји, чиј домаќин оваа година се САД.
– Г7 не може да стане Г8… додека Русија не го промени својот курс. Тоа во моментов „не е случај“, истакна Борел пред новинарите во Брисел, додавајќи дека „соработката на партнерите кои расмислуваат во иста насока е поважна од било кога до сега“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 30. мај рече дека ќе го одложи годинешниот самит за на есен и додаде дека има намера оваа година да ги повика и Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.
Тој рече дека според него Г7 е многу „застарена“ и оцени дека таа треба да се трансформира во Г10 или Г11 против Г1, реформиран клуб обединет против Кина.