Борел: ЕУ да го разгледа сценариото за поголема поддршка на Украина по победата на Трамп

Европската унија треба да разгледа сценарио во кое нејзината поддршка за Украина ќе се зголеми по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Тој најави дека на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ следниот понеделник ќе се разговара за натамошни активности во оваа област.

„Не можеме да имаме ситуација во која Американците дејствуваат, а Европејците само реагираат. Ние самите треба да ја преземеме одговорноста. Мораме да ја увериме Украина дека нашата поддршка ќе продолжи, но за тоа се потребни соодветни ресурси и решителност. Ова бара политичка волја и пред се , финансиски средства“, рече Борељ во Варшава на заедничката прес-конференција со полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.