Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ е подготвена да почне дијалог со Русија за безбедноста.
Подготвени сме да ги проучуваме и разговараме за нивните безбедносни проблеми. Русија ги има и ние мора да го прифатиме тој факт. Единствениот начин да ги отфрлиме овие грижи во сите земји е да седнеме на преговарачка маса – порача Борел за „Би-Би-Си“.
Тој додаде дека во случај на војна меѓу Русија и Украина, „санкциите против Русија ќе влијаат на неа од сите страни“.
-Ќе има лични директни санкции, економски секторски санкции, извозот ќе биде погоден, виталните сектори на руската економија ќе бидат погодени и ќе има финансиски санкции кои ќе ја изолираат Русија од глобалните финансиски системи. Ова ќе има сериозни последици за руската економија – изјави Борел.
Тој додаде дека гасоводот „Северен тек 2“ нема да биде почне со работа во случај на воен конфликт меѓу двете земји.
-Ова не значи дека „Северен тек-2“ засекогаш ќе биде запрен, но во случај на војна меѓу Русија и Украина, тоа ќе се направи дефинитивно. Ова нема да важи само за „Северен тек-2“, туку и за сите испораки на гас од Русија – изјави Борел, додавајќи дека во такво сценарио Европа ќе мора да се подготви за повисоки цени на бензинот.
Што се однесува до евентуалниот пристап на Украина во НАТО, Борел го повтори претходниот став на ЕУ.
-Украина е независна држава. Таа мора да биде способна да носи свои надворешно-политички одлуки. Тоа не значи дека ќе стане членка на НАТО. Иако постои таква можност, тоа во моментот не е на дневен ред – изјави Борел.