Борел: Европа беше „малку наивна“ во однос на Кина

Европа беше „малку наивна“ во однос на Кина, но нејзиниот пристап стана пореален, изјави еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој оцени дека Кина подеднакво е и економски партнер на Европа и „системски ривал што се обидува да промовира алтернативен модел на владеење“.

– И Кина и ЕУ се залагаат за мултилатеризам и тоа ги става на иста страна, но тоа не значи дека тие делат погледи за глобалното владеење, особено во време на криза, рече Борел во интервју за францускиот весник Журнал ди диманш.

Тој објасни дека Европејците поддржуваат ефективен мултилатеризам со ОН во центарот, додека Кина „практикува селективен мултилатеризам каков што сака и е базиран врз различно разбирање на меѓународниот поредок“.

Тој додаде дека кризата предизвикана од коронавирусот го влоши ривалитетот меѓу Кина и САД затоа што двете земји се обвинуваат меѓусебно за ширењето на пандемијата.

Борел ги критикуваше ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп за мултилатеризмот, наведувајќи дека тој го гледа како „игра во која Америка може се да загуби“.

– Тој поглед е погрешен, рече Борел, пренесува Политико.