Борел: Клучно е да се одржат избори на Косово и да се формира заедницата на српски општини

Европската унија ги повика лидерите на Србија и Косово да се обидат да стават крај на серијата насилни судири што ги поттикнуваат стравувањата од враќање на отворениот конфликт.

Тензиите повторно се разгореа минатиот месец откако косовската полиција ги зазеде локалните општински згради во северно Косово, каде Србите претставуваат мнозинство, за да постави градоначалници етнички Албанци кои беа избрани на локалните избори кои Србите со големо мнозинство ги бојкотираа.

Потоа следена низа апсења од двете страни што значеше долевање масло на огнот.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по одвоените средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премир Албин Курти изјави дека самоволните и незаконски апсења се неприфатливи и истакна дека ЕУЛЕКС ќе почне посилно да ја следи ситуацијата. Тој рече дека на средбата не се разговарало за тоа што треба да се направи, туку како и кога, како што поскоро да се спроведат нови избори на северот на Косово, на кои ќе учествува и српската заедница.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак по средбата изјави дека не може да потврди дека е постигнат „патоказ“ од вонредните разговори меѓу неговата земја и Косово, но дека дискусијата била „корисна“…