Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе го разгледаат одговорот на патувањата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Русија и Кина и позиционирањето на неговата земја во однос на улогата на ЕУ во Украина, изјави во понеделникот високиот претставник за надворешна политика и безбедност во заминување Жозеп Борел.
Унгарија го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со блокот во јули, а Орбан речиси истиот ден отпатува во Киев на разговори со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Но веднаш последоватлните патувања и средбите на Орбан со рискиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Кси Џинпинг и републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп во изминатите три седмици, ги шокираа сојузниците во ЕУ. Орбан, како што рече, бил во „мировна мисија“ а неговите партнери во ЕУ не бил извстил или „не го овластил“, иако непознато е кој и како во Брисел го дава таквото овластување.
Орбан претходно го напушти самитот на НАТО за да се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Министерот за надворешни работи на Орбан оттогаш ја доведе во прашање улогата на ЕУ во Украина.
„Ќе разговараме за тоа што се случи и за позициите што ги зазеде унгарската влада“, рече Борел, опишувајќи ги како „неприфатливи“.
Некои членки на Унијата сакаат блокот да покаже поцврст став кон Будимпешта. Се споменува бојкот или присуство на помал број министри на неформалниот состанок во Будимпешта на крајот на август, иако меѓу државите има поделеност за корисноста на таквиот потег.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок им рече на новинарите по пристигнувањето во Брисел дека Борел ја претставува надворешната политика на ЕУ и дека „не е изненадувачки што еготиповите“ иритирале многумина.
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Ксавиер Бетел, рече дека ќе оди на неформалниот останок на крајот на август и рече дека е важно да се продолжи дијалогот со Будимпешта.
„Да се игнорира или да не се избере дијалог би било грешка“, рече тој.
Орбан, критичар на западната воена помош за Украина и лидер на членка на ЕУ со најтесна соработка со Русија, постојано ги блокираше одлуките за воена помош за Украина, инсистирајќи дека тоа само ја продолжува агонијата и води кон ескалација и проширување на судирот.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го критикуваше блокот во објава на социјалните мрежи пред состанокот во понеделник.
„Бирократијата за надворешна политика во Брисел и лидерите на некои земји од ЕУ со седмици чкрипат со заби за нашата мировна мисија, поради фрустрација/завист/излагање на нивната неуспешна стратегија“, рече Сијарто, додавајќи дека патувањата ја отворија вратата за продолжување на дипломатијата.
„Сè што добиваме од нашите Брисел и европските пријатели е детски бојкот и вербално карате“, рече тој.