Борел: Мора да направиме уште повеќе за поддршка на Украина на долг рок

Направивме многу за поддршка на Украина, но треба да направиме уште повеќе и побрзо, бидејќи мора да сфатиме дека помошта за земјата мора да биде на долг рок, изјави денеска Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност по заседанието на Советот за надворешни работи на ниво на министри за одбрана на земјите членки на Унијата.

– Министрите разговара за итноста од зајакнување на нашата воена поддршка на Украина и за итните потреби на украинската армија за одбрана од руската агресија. Тоа значи противвоздушна одбрана, обука на пилоти на Ф-16, зимска опрема, бидејќи е јасно дека војната ќе продолжи и во текот на зимата, како и муниција, истакна Борел.

Тој истакна дека во рамки да досегашната обука на припадниците на Вооружените сили на Украина завршен е тренинг на над 30.000 украински војници.

– Добрата обука значи спасување на повеќе животи и ќе продолжиме со тренинг на уште 10.000 војници во следниот период, рече Борел.

Тој истакна дека на средбата е разговарано и за Рамката за безбедносна посветеноста на Украина, што би требало да биде претставена на Самитот на ЕУ во декември, потсетувајќи дека околу усогласувањето на нејзината содржина делегација на Унијата на почетокот на декември ќе отпатува за Киев.

Високиот претставник нагласи дека Унијата останува поставена на целта за производство на еден милион парчиња муниција и иако можеби таа изгледа премногу амбициозна, сепак нема отстапување од неа и блокот ќе продолжи со напорите за нејзино остварување.

– Досега реализиравме една третина од поставената цел и повеќе од 300.000 парчиња муниција се доставени. Тие потекнуваат од резервите или се обезбедени со пренамена и промена на приоритетите, истакна Борел, потенцирајќи дека од земјите членки е побарано да ги промената приоритетите во производството на муниција и голем дел од него да го пренасочат кон Украина.

Според него, на европската одбранбена индустрија треба да и се обезбеди јасна перспектива и предвидливост и да и се каже што ЕУ очекуваме од неа, со склучување на договори за набавка на муниција и зголемување на нејзините производни капацитети. Во тој контекст, Борел најави дека на почетокот на следната година, ЕУ ќе презентира Стратегија за одбранбената индустрија.

На средбата станало збор и за Капацитетот за брзо распоредување на ЕУ (РДЦ), чија цел е Унијата да има на располагање 50.000 војници, кои се подготвени за итна реакција во случај на кризна ситуација и чија целосна оперативност се очекува во 2025 година. Тој потсети дека веќе се одржани првите вежби на овие сили во Шпанија и Германија, а во моментов се работи на опремување на штабот на Капацитетот во Брисел.