Борел: Помагајќи ја Украина, ЕУ ги исцрпи своите воени резерви

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел предупреди во неделата дека ЕУ снабдувајќи ја Украина со оружје речиси ги исцрпила своите воени резерви.

„Оваа војна, исто така, беше повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. Ѝ дававме оружје на Украина, но правејќи го тоа сфативме дека нашите воени залихи се исцрпени“, напиша Боел на својот неделен блог.

Покрај тоа, наведува шефот на дипломатијата на ЕУ, во заднината на војната во Украина, било сфатено дека „немаат критични важни одбранбени способности за да се заштитат од заканите од високо ниво на самиот европски континент“.

Борел, поради тоа, смета дека зголемувањето на трошоците за одбраната на земјите членки на ЕУ „не е доволно, особено кога станува збор за соработката“.

„Како и секогаш, прашањето гласи што можеме да направиме со тоа.  Во прв ред, треба да ги задоволиме краткорочните потреби преки зголемувањето на заедничките инвестиции и набавките. Едноставно кажано, да се купува повеќе заедно. Повеќе од десет месеци војна и поддршка за Украина ја открија недоволноста на нашите резерви и кревкоста на нашите синџири за набавка“, додава Борел.

Шефот на европската дипломатија истовремено на својот профил на Twitter истакна дека податоците од Агенцијата за одбрана на ЕУ (EDA) потврдуваат дека „Европејците трошат повеќе на одбраната“.

Борел на блогот истакнува и дека Унијата мора да „троши на одбраната не само повеќе, туку и подобро“.

„А тоа значи повеќе соработка Продолжете да ја поддржувате Украина, да ги задоволите сегашните потреби и почнете да се подготвувате за иднината“, заклучува Борел.

Претходно весникот The New York Time, повикувајќи се на извори од Северноатлантската алијанса, која ги вклучува речиси сите земји од ЕУ, објави дека земјите од НАТО ѝ испорачале на Украина оружје во вкупна вредност од 40 милијарди долари, што е споредливо со годишниот воен буџет на Франција.

Притоа, изворите на весникот посочиле дека 20 од 30-те земји членки на НАТО го исцрпеле својот потенција во однос на испораките на оружје за Украина, а во особено деликатна позиција се нашле Полска и балтичките земји. Другите десет земји членки, сепак, задржале способноста да продолжат со испораките на оружје, а меѓу нив од ЕУ се Франција, Германија, Италија и Холандија.