Европската унија има тешки односи со Турција и Русија, но мора да ги поправи преку нов пристап, изјави во четвртокот високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Бортел, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки, во Лужници крај хрватски Запрешиќ.
Оваа средба на шефовите на дипломатијата имаше неформален карактер и поради тоа на него не се донесени заклучоци, што ќе се случи ден подоцна на вонредниот формален состанок во Загреб.
Борел истакна дека главната тема на разговите бил односот на Европската унија со Турција и со Русија. Средбата се одржуваше истовремено додека во Москва се сретнаа рускиот претеседател Владимир Путин и неговиот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган. Двајцата челници на земјите кои во сирискиот конфликт поддржуваат спротиставени страни но соработуваат на теренот, договорија примирје меѓу турските сили во сириската покраина Идлиб и силите на владата во Дамаск, кое стапува на сила од полноќ кон петокот.
„Нашите односи со Турција и со Русија се тешки и мораме да ги поправиме во многу сфери“, рече шефот на европската дипломатија, додавајќи дека за тоа е потребен нов пристап. Истакна притоа дека добрите односи со овие две земји се важни и поради прашањата кои директно влијаат врз безбедноста во Европа, од Сирија до Либија.
Зборувајќи за мигрантската криза на турско-грчката граница поттикната, според Анкара, со кризата во сириската покраина Идлиб, Борел рече дека „Европа мора да ги помири прашањата на хуманитарните права на мигрантите и тоа што тие не смеат илегално да ги минуваат границите“, заклучивајќи дека утре „црно на бело“ ќе бидат донесени конечни заклучоци на министрите
Неофицијало се дознава дека тие главно ќе се занимаваат со грчките барања за помош од Еропската унија во справувањето со кризата на својата граница.
Средбата се одржа во ткн формат Гимних, наречен по дворецот во Германија каде што првиот таков состанок е одржан во 1974 година.