Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел во неделата во интервјуто за шпанскиот весник El Pais предупреди на тоа дека Белорусија би можела да стане втора Украина, иако повеќето западни аналитичари не се согласуваат со тоа, оценувајќи дека е неопходно да се продолжи со разговрите со белорускиот претседател Александр Лукашенко.
Европската унија не ги признава разултатите од претседателските избори во Белорусија на 9-ти август, иако не испрати свои набљудувачи со објаснување дека доцна пристигнала поканата, а потоа следуваа масовни протести поради наводната изборна кражба со која Лукашенко на власт останува и по 26 години.
„ЕУ нема намера Белорусија да ја претвори во втора Украина“, вели Борел потсетувајќи на превратот во Киев во 2014 година што доведе до поделба на земјата и бунт на руското и рускојазичното население прврзано кон Русија поради губењето на правата.
„Тензиите меѓу Европа и Русија се завршени со насилство, оружени судири и распад на украинската територија. Денес проблемот на Белорусија не претставува избор меѓу Русија и Европа, туку постигнување на слободата и демократијата“, вели Борел, истакнувајќи дека е неопходно да се продолжи дијалогот со претседателот Лукашенко.
Ситуацијата на Лукашенко ја спореди со ситуацијата на венецуеласкиот претседател Николас Мадуро, чиј реизбор Западот исто така не го признава, но не успеаја обидите да биде отстранет од власта и покрај масовните протести кои набрзо по јануари минатата 2019 година спласнаа.
„Мадуро и Лукашенко се во целосно иста ситуација. Не признаваме дека легитимно се избрани на власт. Но без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не, и двајцата ја контролираа владата и едноставно мораме да продолжиме да работиме со нив, иако не го признаваме нивниот демократски легимитет“, објаснува Борел.
Истовремено во неделата, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во текот на излагањето на форумот „Територија на смислата“, истакна дека Западот предлага Белорусија „да биде исцртана“ според сопствените обрасци.
Коментирајќи ја улогата и активностите на Западот во постосветскиот простор, Лавров потсети на настаните во Украина чија цел беше нејзино оддалечување од Русија, почнувајќи од изборите во 2004 и завршувајќо со превратот во 2014 година.
„Неспособноста на нашите западни партнери е прилично сериозен факт, кој треба да биде земен предвид, и не само од наша страна. И сега, кога ќе се обидат да ја исцртаат Белорусија според сопствените обрасци и истовремено ќе понудат свое посредување….“, вели Лавров.
Шефот на руската дипломатија притоа потетува какви ефекти имаат посредништвата на западните сили во регионот.
„Секако, ние нема да бидеме против секоја одлука којашто ќе ја донесе белоруското раководство во дијалогот со својот народ, но кога Западот ќе каже дека само посредништво со учество на западните земји ќе биде ефикасно, секој сѐ уште има свежо паметење како тоа беше во Украина, каде што западното посредување се претвори во целосен неуспех на нашите (западни) партнери“, изјави Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи, исто така, изрази стравување дека се врши надворешни притисок и на најсериозната опонентка на Лукашенко, Светлана Тихановска која откако освои 10 отсто од гласовите пребега во Литванија, а откако првично повика на дијалог и договор за евентуални нови избори во продолжение повикува на продолжување на масовни протести со кои ќе се бара заминување на Лукашенко без негово повторно учество на изборите.
„Очигледно, на неа (Тихановска) не ѝ дозволија примирување и таа започна да дава политички изјави, покрај тоа со многу поголема жестина, бара продолжување на штрајкови, протести. И, особено е карактеристично, што таа повеќе своите изјави не ги дава на белоруски или руски (како претходно), туку на англиски јазик“, забележува Лавров.
Првиот дипломат на Москва посочува дека на тој начин станува јасно дека главниот аудиториум на Тихановска „се насочува кон западот“.
„Можно е, не тврдам ништо, дека целта на таквиот потег е да се спречи западните земји посмирено да гледаат на ситуацијата и да бидат убедени да продолжат да се инволвираат во оваа ситуација“, додаде Лавров.
Посочи и дека некои белоруски опозиционери кои одамна заминаа на Запад не сакаат ситуацијата во Белорусија да се стабилизира, предизвикувајќи можно пролевање крв и провокации врз безбедносните структури.
„Некои белоруски опозиционери коишто живеат на Запад и од таму се обидуваат да влијаат на она што се случува во нивната земја, многу сакаат да биде поинаку, да се пролее крв, да се провоцира реакција на белоруските безбедносни сили, кои сега не интервенираат на мирните протести“, рече Лавров оценивајќи дека „ваквото однесување е злосторство“.
По претседателските избори белоруската полиција растури со примена на сила неколку протести, во кои три лица загинаа, стотици демонстранти и најмалку 120 полицајци се повредени. Во првите четири дена беа приведени 6.700 опозициски демонстранти. Од почетокот на оваа седмица белоруските власти ослободија најголем број од притворените, задржувајќи во притвор околу двесте лица, а полицијата повеќе не интервенира со цел да ги растури протестите.