Борел уверува дека Берлин нема да им пречи на трети земји при извозот на германските тенкови на Украина

Германија нема да го попречува реекспортот на германските тенкови „Leopard 2“ на Украина, уверуваше во понеделникот вечерта високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, откако Полска остана на ставот дека ќе му предаде на Киев некои од своите германски тенкови и без одобрение од Берлин, доколку тоа го сторат и други земји.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, од радикалната струја на Зелените, за француската телевизија изјави дека Германија нема да ја спречува полска ако бара дозвола, а во понеделникот вечерта шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Бореч рече, без да даде какво и да е уверување, дека Германија нема да го попречува реекспортот на нејзините тенкови. Инаку според меѓународните купопродажни договори земјата производител на оружјето, во некои случаи и за дел од некој вид оружје, мора да даде дозвола земјата купувач да го предаде или продаде на трета земја.

„Колку што јас разбирам, Германија нема да го забрани извозот на тоа оружје доколку некоја земја којашто го има тоа сака да го стори“, изјави Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел на кој беа одобрени нови 500 милиони евра дополнителна воена помош за Украина за нејзината војна против Русија.

Но владиниот портпарол Штефен Хебештрејт во понеделникот не потврди дека изјавата на Бербок е официјалниот став на владата.

„Би можело тоа да се каже вака: ако такво барање биде упатено во Германија, што во моментов не е случај, тогаш постојат добро воспоставени процедури за одговор на таквото барање. И сите ние се придржуваме до нив“, рече владиниот портпарол.

„Имаме страсни дебати и овие страсти повремено водат до претерување од сите страни“, ја коментираше жестоката дебата за тенковите Хебештрајт и додаде дека тоа „е разбирливо“ посочувајќи дека тоа значи дека „секој збор не треба да се сфаќа буквално“.

Владата во Киев бара стотици тенкови, но откако САД порачаа дека не размислуваат за испраќање на своите тенкови „Abrams“, а Велика Британија вети до 14 свои тешки тенкови „Challenger 2“, се зголеми притисокот врз Германија за нејзините „Leopard 2“, едни од најшироко користените во војските на НАТО, за да тргне во протовофанзива по губењето на неколку стратешки позиции во Доњецк и Запорожје.

Владата во Берлин, чии гласачи во неколку анкети се изјаснија со мнозинство против испраќањето тенкови на Украина, е под притисок на сојузниците и се одбрани со образложението дека е за тоа е потребен консензус меѓу сојузниците кој не беше постигнат во петокот, и истакна дека другите членки на НАТО мора службено да побараат дозвола за што е подготвена брзо да дејствува.

Но засега официјални барање за реекспорт на тенковите до Германија не упатила ниедна земја. Во понеделникот полскиот премиер Матеуш Мораввјецки, изјави дека Варшава може и без дозвола на Берлин да му испорача некои од околу 250-те германски тенкови што ги поседува, но и дека ќе се обиде да ги убеди и другите земји да го бараат дозвола или да го сторат истото.

„Дури и доколку не би ја добиле таа дозвола, сеедно би ги испратиле нашите тенкови задно со другите во Украина. Услов за на е во моментов да создадеме барем мала коалиција од земји“, рече Моравјецки.

Полскиот повик на создавање коалиција, меѓутоа, упатува на тоа дека трансферот на тенковите во Украина нема да се сучи брзо.

Варшава, исто како и Лондон, рече дека ќе обезбеди 14 тенкови, што е доволно за една батерија, но Моравјцеки истакна дека испораката имаа смисла само доколку биде во рамките на бригада, што претпоставува значително поголем број тенкови. Тенкот „Leopard 2“ го користат околу 20 земји, меѓу кои Канада, Данска, Финска, Холандија, Норвешка, Австрија, Шпанија, Шведска и Турција.

Германскиот канцелар досега не се изјасни за тие индиректни испораки, како ни за директната испорака на теновите од складиштата на германскиот Бундесвер.

Се проценува дека германската армија во моментов има околу 400 оперативни тенкови „Leopard 2“, а дека многу од нив подолго време чекаат на ремонт и модернизација. Производителот „Rheinmetall“ соопшти уште пред две седмици дека би можеле на Украина да ѝ испорача ремонтирани тенкови од типот „Leopard 2“ најрано во 2024 година. Ремонтот на тенковите кои се на залиха чини неколку стотици милиони евра, а компанијата не може да започне со поправката пред да ѝ биде потврдена нарачката, рече за весникот Bild, извршниот директор Армин Папергер.