Британскиот премиер Борис Џонсон денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
Украинската амбасада во Велика Британија објави и фотографии од двајцата лидери за време на нивниот разговор на средбата.
Џонсон порано вети дека ќе обезбеди уште 100 милиони фунти (119 милиони евра), помош во високовалитетна воена опрема, за да и помогне на оваа земја да се одбрани од руската инвазија.
Засега не се објавени други детали за средбата, освен оваа објава на Твитер на која над фотографијата пишува „изненадување“.
https://twitter.com/UkrEmbLondon/status/1512791528607031303?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512791528607031303%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Ffoto-boris-dhonson-se-sretna-so-zelenski-vo-kiev%2F
И австрискиот канцелар Карл Нехамер порано денеска во Киев оствари средба со Зеленски и тамошниот премиер Денис Шмихал, но и со градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.