Борис Џонсон оди во изолација

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак биле во контакт со лице заразено со коронавирус и ќе работат исклучиво од нивните канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден, соопштија британските медиуми.

Министерот за здравство Сајид Џавид вчера изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус.

Британската национална здравствена служба (НХС) ги контактираше премиерот и министерот и тие се водат како лица кои биле во контакт со заразениот “, соопшти канцеларијата на Џонсон.

Како општо правило, секое лице кое било во контакт со заразено лице мора да биде во самоизолација десет дена. Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програма што им овозможува да продолжат да работат од канцеларија а останатото време ќе бидат во изолација.

За да можат да работат од Даунинг стрит, тие ќе бидат тестирани секој ден. Во тој временски период, ќе ги водат само клучните владини работи, велат од канцеларијата на Џонсон.

Велика Британија во последните недели се соочува со зголемување на бројот на заразени од коронавирус, а вчера се регистрирани 54.000 новозаразени. Во таа земја досега починале 128.600 лица од коронавирус. И покрај овие бројки, Џонсон најави укинување на скоро сите мерки, вклучително и носење маски и физичко растојание, нагласувајќи ја индивидуалната одговорност на поединците.