Борис Џонсон планирал напад врз холандската фабрика за вакцини

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, познат и по неговото инсистирање украинскиот претседател Володомир Зеленски да се откаже од мировниот договор постигнат во Истанбул во март 2022 година по само еден месец од почетокот на руската инвазија, потврди дека им наредил на воените команданти да планираат напад врз холандски погони во март 2021 година за да обезбедат пет милиони вакцини против ковид-19, за кои Европската унија се закани дека ќе ги забрани извозот во Велика Британија.

Џонсон вели дека тогашниот заменик на началникот на воениот штаб на Велика Британија, генерал-полковник Даг Чалмерс, му кажал дека ќе биде возможен напад со помош на мали чамци за да се премине Ла Манш и да се плови по холандските канали, но го предупредил на дипломатските последици.

Според Џонсон, Чалмерс, кој во меѓувреме се пензионираше од армијата, му рекол дека нема да биде возможно да се изврши мисијата неоткриено и дека „ако бидеме откриени ќе мора да објасниме зошто напаѓаме долгогодишен сојузник на НАТО“.

„Потајно се согласив со она што сите го мислеа, но не сакав да кажам гласно: дека целата работа е лудост“, вели Џонсон во извадок од неговите мемоари објавени во саботниот весник Daily Mail..

Ниту британското Министерство за одбрана, ниту Чалмерс кој моментално ја извршува функцијата претседател на владиниот Комитет за стандарди во јавниот живот, сè уште не ги коментираа изјавите на Џонсон.

Спорните вакцини против коронавируснаата болест ковид-19 беа развиени од Универзитетот во Оксфорд и британско-вешпдската фармацевтска компанија „AstraZeneca“, но дозите беа произведени од подизведувачи во Холандија и Велика Британија.

Во март 2021 година, вакцините беа широко користени во Британија, но дозите произведени во холандската фабрика сè уште чекаа одобрение од ЕУ. И Британија и ЕУ имаа договори со „AstraZeneca“ за вакцините и ЕУ се обиде да ги задржи готовите вакцини во холандската фабрика за нејзина идна употреба.

Џонсон, кој победи на изборите во декември 2019 година со ветување дека ќе ги заврши долготрајните преговори за излегување од ЕУ, вели дека верува оти претставниците на ЕУ дејствувале под притисок на францускиот претседател Емануел Макрон.

„По два месеца залудни преговори, дојдов до заклучок дека ЕУ се однесува со нас злонамерно и пркосно… затоа што го вакциниравме нашето население многу побрзо отколку тие“, вели Џонсон, кој беше принуден да ја напушти функцијата во 2022 година по низата скандали, вклучително сознанијата дека во премиерската резиенција на Даунинг стрит редовно се одржувале пијанки со прекршување на правилата за заклучување поради пандемијата на ковид-19, додека истоврмено Британците не можеа да одат ури и на пограби на блиските.