Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница Кери Симондс се венчаа во тајна церемонија, објавија британски медиуми.
Ова беше изненадување бидејќи претходно беше објавено дека свадбената церемонија е закажана за јули 2022 година.
Свеченоста се одржа во катедралата Вестминстер и на неа присуствуваа само 30 гости, меѓу кои и едногодишниот син на Џонсон и Симондс, Вилфред.
Таблоидот „Сан“ пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека е планирана венчавка.
Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе.
Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле.
Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака.
Последниот британски премиер кој се венчал за време на мандат бил Лорд Ливерпул, пред 199 години.