Поранешниот британски премиер Борис Џонсон потврди во петокот вечерта дека поднесува оставка на должноста пратеник во Парламент којашто стапува на сила веднаш.
Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарната истрага за тоа дали го лажел Долниот дом кога рекол дека била почитувани сите праввила вовредни поради пандемијата на ковид-19.
Комисијата за повластувањата на британскиот парламент истражуваше дали Џонсон со изјавите кои ги дал пред Долниот дом во декември 2021 година намерно ги излажал пратениците за забавите кои се одржувале во владината резиденција во Даунинг стрит 10 во текот на „затворањата“ поради пандемијата на коронавирусот, при што и самиот тој присуствувал на некои од нив.
Во својот доказен документ на 52 страници кои ѝ ги предал на комисијата во март годинава, Џонсот признал дека го залажал парламентот, но негирал дека тоа го сторил намерно.
Признал дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите, всушност раскалашените забави, во Даунинг стрит 10 во текот на пандемиските „затворањата“, ограничувања на движењата и соборит, кога на Британците не им беше дозволено дури да присуствуваат на погреби или други церемонии на најблиските.
Меѓутоа, Џонсон навел дека тоа биле „важни“ работни настани, за коишто тврдел дека биле дозволени. Инсистирал на тоа дека насокит, како што тој ги разбирал, биле следени целото време на траење на здравствени ограничувања поради пандемијата.
„Многи е ажно да се напушти парламентот, барем засега. Ме истера мала група луѓе, без никакви докази со коишто би ги поткрепиле своите тврдења, и без одобрување дури и од членовите на Конзерватинвата партија, а не пак од поширокото гласачко тело“, истканува Џонсон во изјавата.