Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да се соочи со гласање за доверба уште во понеделникот, според политичкиот коментатор на телевизијата iTV кој ги цитира „бунтовниците“ во владејачката Конзервативна партија, откако нивниот челник беше исвиркан на настанот по повод платинестиот јубилеј на кралицата изминатиот викенд.
„Ториевските бунтовници очекуваат дека сер Греам Бреди во текот на претпладнето ќе даде изјава во којашто најавува дека ќе гласа од недоверба за Борис Џонсон. Само Бреди ги знае точните поединости, но ова сигурно звучеше како да се гласа“, напиша Пол Бренд на Twitter.
Џонсон, кој во 2019 година беше именуван за премиер, сега е под сѐ поголем притисок по штетниот извештај за забавите кои се одржувале во неговата работна резиденција во Даунинг стрит во времето на најстрогото пандемиско „затворање“.
Сепак, постојат и други забелешки на неговата работа на должноста, а десетици пратеници на конзервативците изразуваат загриженост дали 57-годишниот Џонсон може и натаму да ја води земјата која се соочува со висок ризик од рецесија, раст на цените на горивата и граната, а моментално и со сообраќајниот хаос во Лондон поради штрајк. Доколку Џонсон ја загуби довербата од парламентот, ќе биде сменет од премиерската должност, а потоа ќе се решава за неговиот наследник.
Постапката за закажување седница на којашто се гласа недоверба на британскиот премиер се одвива според процедурата која предвидува пратеници да му упатат писмо на претседателот на ткн Комитетот 1922 во кое се бара такво изјаснување, под услов 15 отсто од претставниците во Долниот дом да упатат такво писмо.
Најмалку 54 конзервативни пратеници во парламентот мора официјално да му упатат барање на партискиот Комитет 1922, Греам Брејди, за гласање на доверба за тоа да биде покренато. Писмата се доверлив, па само челникот на ова телот знае колку точно се доставени.
Станува збор за комисија којашто ја сочинуваат конзервативните пратеници кои не се во владата и кои се состануваат седмично кога заседава Долниот дом кога дискутираат за внатрепартиските проблеми. Комитетот еднаш месечно се среќава и со партискиот лидер за да го брифира и да ги изнесе актуелните мислења во партијата.