
Арената „ Борис Трајковски“ повторно ќе стане пункт за вакцинација, по бројните критики од граѓаните, поради вакцинацијата по локалните здравствени домови каде што тешко е можно да се зачува неопходното растојание во епидемијата и се создаваат повеќеќасовни тисканици
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека овојпат Спортскиот центар „БВорис Трајковски“ нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата.
„Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови“, рече Филипче.