
Македонскиот баритон Борис Трајанов е добитник на титулата национален уметник за 2014 година.
По реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески, филмскиот режисер Милчо Манчевски и естрадниот уметник Есма Теодосиевска Реџепова, Борис Трајанов е четвртиот носител на ова највисоко признание од областа на културата.
Наградата е доживотен паричен надомест од 60 илјади денари месечно.