Борисов: Црквите во Бугарија за Цветници и Велигден ќе бидат отворени

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека православните цркви и храмови во земјата ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека така ќе било затоа што многу луѓе биле очајни и со ослабнат дух.

Борисов, исто така, денеска ги повика Бугарите да останат дома и оттаму да се молат. Мисите во поголемите цркви ќе бидат пренесувани во живо на државната телевизија.

-Тешка одлука, но подготвен сум да се носам со прозивките, рече Борисов на денешната прес конференција. „ Епископите ми кажаа дека многу луѓе се со ослабнат дух, дека се очајни. Затоа не можам да издадам таква наредба, за затворање на црквите“, додаде тој

Црковните обреди на Велики петок, а особено на Велигден, вообичаено привлекуваат илјадници луѓе во црквите ширум балканските земји.

Бугарскиот минитер за внатрешни работи, Младен Маринов, изјави дека полицијата ќе биде околу црквите и ќе пази на редот и приддржувањето до социјалната дистанца.

Бугарија на 13 март прогласи вонредна состојба во земјата и забрани собирања со повеќе од две возрасни лица.

-Православната црква нема да дели гранчиња од врба како што тоа вообичаено го прави во недела, на Цветници, изјави митрополитот Ловечки, Гаврил, и опиша дека потегот на црквата е „голем компромис“

Митрополитот додаде дека обредите за Велигден ќе се оддржуваат надвор од црквите, а Светиот синод на сите верници им препорача да носат заштитни маски.